4.8 C
Скопје
15:13 - 21 декември, 2024

Ретко кој не ги помни Ричард Гир и Џулија Робертс во „Убава жена“: Но, оригиналната приказна требало да биде многу „повалкана“

Средовечен бизнисмен плаќа млада проститутка да живее со него и да глуми дека му е девојка една недела. Тоа пред триесетина година не беше баш вообичаен опис за една романтична комедија. Но тоа не му попречи на филмот „Убава жена“ да стане еден од најголемите филмски хитови.

А како продуцентот Џери Маршал успеал да го претвори „Убава жена“ во извонреден филм?
Несомнено на тоа влијаел и неговиот избор главната улога да ја добие актерката со неверојатен шарм и талент, Џулија Робертс. А другиот фактор бил нејзиниот колега, Ричард Гир, кој се однесувал како таа убавина и шарм да не му значат ништо.

Imdb

Оригиналното сценарио што го напишал Џ.Ф. Лотон било многу „помрачно“ и имало наслов „3000 долари“, преименувано е во „Убава жена“, и намалена е количината на дрога, и користењето пцовки.
Вешта промена била и таа што ликот на Гир бил помалку ентузијастички во врска со спиењето со ликот кој го играла Робертс, што приказната ја врти кон затоплување на неговото срце.

Ова станува очигледно кога ќе го прочитате нацрт-сценарио на Лотон. Тој вели:
Њујоршката фаца, Едвард, ја вработува проститутката по име Вивиан да му прави друштво додека е во Лос Анџелес, со што ќе ја запознае со убави нешта во животот додека се дружат.“

Imdb

Но во „3000 долари“, Едвард ја „собира“ Вивиен, зависничка од дрога, поради вообичаена причина, проценувајќи ја „како да проценува етикета на шише вино“. Кога одат во неговиот апартман, таа за неколку минути е гола и нивниот однос не е сосредоточен на улогата што ја има Вивиан во филмот, туку се фокусира на секс.

Imdb

По неколку поправки во сценариото, Едвард почнува да размислува поинаку.

Во „Убава жена“, тој не ја зема Вивиан бидејќи „сака да се опушти“, туку бидејќи му треба да му го покаже патот до хотелот. Кога ќе стигнат таму, одлучува да ја покани да влезе, но и тогаш не е сигурен зошто. Таа веднаш му се „нуди“, но Едвард предага само малку да поразговараат. Подоцна, кога Вивиан ќе му каже што сè преживуваат проститутките за да преживеат, Едвард воздивнува, како во тој момент повеќе да сака да биде на некое друго место отколку во луксузниот хотел со презгодна жена.

Imdb

Се чини како Едвард навистина да е исплашен дека ќе заврши меѓу чаршавите со Вивиан и тоа е она што му овозможило на сценариото на Лонтон да се оддалечи од своите почетни сцени.

Маршал во една прилика, овој филм го споредил со Златокоса. Со која бајка и да го споредите, секако е бајка, а во неа принцот и принцезата не можат да почувствуваат никаква страст сè додека не се дознае дека на крајот ќе живеат среќни засекогаш.

Imdb

Како и да е, Маршал и неговиот тим секако дека направиле работа вредна за почит и нешто што наизглед било невозможно.

Денес, многу филмови се обидуваат да прикажат ваков однос, сцени полни со сексуални привлечности и нетипична љубовна приказна, но „Убава жена“ останува запаметена како оригинално и единствено сценарио на многу начини.

Imdb

Слични објави

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо
Се вчитува....