13:18 - 10 ноември, 2026

Попладневната дремка штити од срцев удар

Заедничко истражување спроведено од медицинските факултети во Атина и во Харвард покажало дека проценетата опасност од смртни исходи од срцевите заболувања е дури 34 отсто помала кај луѓето што спијат попладне.
Овој одмор е особено ефикасен за вработените мажи, особено за пилотите на долгите комерцијални линии. Научниците утврдиле дека само еден час одмор во текот на летот, ја зголемува будноста на пилотот, концентрацијата и вниманието во наредните 10 часа.
Ако дремат само 26 минути, додека копилотот управува со авионот, општата претпазливост и будност се зголемува за 54 отсто, а професионалната способност за 34 отсто.
Исто така, утврдено е дека попладневните спијачи помалку страдаат од несоница ноќе, а дека нивниот сон во континуитет е подолг за 20 минути. Дека попладневното дремење е многу важно за телото и мозокот, потврдуваат и многубројни светски умови, меѓу кои и Алберт Ајнштајн, кој редовно дремел во својата фотелја со молив в рака.
Тој се будел кога моливот ќе паднел и ќе удрел на подот. На тој начин се спречувал себеси да западне во длабок сон, по кој неговите мисли не би биле целосно бистри.

Слични објави

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.
Се вчитува....