1.8 C
Скопје
04:07 - 27 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ЗДРАВИ ЧОКОЛАДНИ БАНАНА БОМБИЦИ: Брзи, едноставни и многу заситуваат

мартина бомбици

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

мартина трајаноска
Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 2 банани
  • 100 гр чоколадо
  • 200 гр мелени овесни снегулки
  • џем од малини
  • 200 гр чоколадо за глазура

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Изгмечете 2 банани и измешајте ги со 100 гр растопено чоколадо со 80% какао. Додадете ги мелените овесни снегулки и убаво измешајте. Земајте дел од смесата, ставете по 1/4 лажичка џем од малини на средина и оформете ги бомбиците.

Оставете ги во фрижидер или замрзнувач да се изладат 10-15 мин, па секоја бомбица прелијте ја со чоколадо.

На здравје!

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....