9.8 C
Скопје
23:29 - 17 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ БОМБИЦИ ОД ТИКВА: Превкусни се, а одземаат само неколку минутки за подготовка

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСНИ И ЗДРАВИ БАРОВИ ОД 3 СОСТОЈКИ: И во петок може да си ја задоволите желбата за благо

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи бомбици од тиква.

„Тиквата ја имаме во изобилие периодов, а јас обожавам сЀ што може да се спреми со неа. Овие бомбици од само неколку состојки се вкуснотииии, а одземаат само неколку минутки за подготовка“, вели Мартина.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСЕН ЛИМОН КОЛАЧ: Вкусен колач за со шолја кафе или чај

Потребни состојки:

  • 80 гр тиква
  • 80 гр мелени овесни снегулки
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица путер од јатки
  • 1/2 лажичка цимет
  • суво овошје
  • црно чоколадо

„Зависно колку тиква ќе ставите толку бомбици ќе ви излезат, па со тоа ќе си ги одредите и другите состојки. Со 80 гр тиква и 80 гр овесни снегулки мене ми излегоа 8 бомбици“, вели Мартина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Тиквата претходно сварете ја или испечете ја. Јас повеќе ја сакам печена. Изблендирајте ги овесните снегулки, па додадете ги сите останати состојки. Изблендирајте или измешајте ги со рака. Оформете бомбици и на средина по желба ставете суво овошје или парче црно чоколадо. Да имав дома може би додала и кокос во смесата, но тоа го оставаме за нареден рецепт. Направете ги и уживајте во овие убавини.

На здравје!

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....