8.8 C
Скопје
11:55 - 1 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Здрава варијанта на цезар салата со егзотичен вкус!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Традиционален италијански колач со лимон кој е прослава на цитрусното овошје!

Теа денес ни подготви поздрава варијанта на цезар салата, со сос од манго, кој и дава егзотичен вкус.

Потребни состојки:

  • 400 гр. пилешко мини филе
  • 1 ајсберг марула
  • рукола
  • 200 гр. пченка
  • 50 гр. семки од сончоглед
  • шери или обичен домат
  • пармезан
  • 1/2 манго
  • 2 лажички сенф
  • сок од лимон
  • 1 лажичка мед
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Начин на припрема:

– Марулата и руколата исецкајте ги. Пилешкото исецкајте го на мали коцки и ставете го да се пржи. Од мангото, сокот од лимон, сенфот, медот и маслиновото масло направете сос со помош на рачен блендер.

– На тањир за послужување ставете малку марула и рукола, ставете неколку лажици од сосот и почнете да редите од пченката, пилешкото, семките, пармезан и шери. Наредете уште еден ред како претходно и на крај завршете со малку крем балсамиран оцет и пармезан.

На здравје и уживајте!

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Супа од тиква за вистинско есенско уживање!

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....