17.8 C
Скопје
18:50 - 18 октомври, 2026

Рада Манојловиќ проговори за врската со својот возач: Сака свадба и деца

Недавно се појави вест дека Рада Манојловиќ е во врска со својот возач, а подоцна е откриено дека станува збор за Владимир Ранковиќ, со кого пејачката наскоро планира свадба.

Имено, бидејќи Владимир Ранковиќ ја следел на сите настапи, многумина помислиле дека тој ѝ е возач. Таа сега проговори за нивниот однос и откри дека веќе долго време се заедно.

„Возачот ме вози со години, до зори се возиме, 24/7. Тој е тука долго, супер се сложуваме, супер се возиме, тој ме вози најдобро од сите“, коментирала Рада во „Гранд Специјал“.

„Видете, за публиката најважно е јас да сум среќна. А тоа како тој изгледа, кој е, како се вика и како вози, тоа не е важно„.

Нејзиниот нов партнер има две деца и еден неуспешен брак, а нејзиниот татко, Раде, открил дали го запознала со својот зет.

„Влада има брак и деца зад себе. Кога почна да работи со Рада веќе беше разведен и од тој несреќен брак има две деца. Тој е од Белград и важи за многу чесен и нормален човек. Со децата од првиот брак е одличен татко и секој слободен момент го користи да им се посвети. Инаку во градот многумина го познаваат и приказните за него се дека е целосно исправен, одличен и верен пријател. Личност на која можеш да сметаш во секој момент“, изјавил извор.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....