13.8 C
Скопје
11:30 - 18 октомври, 2026

Работникот го ограбил, а Халид Бешлиќ не го отпуштил, туку му ја зголемил платата

Работникот го ограбил, а тој му не го избркал од работа, туку напротив, му ја зголемил платата.

Оваа приказна за Халид Бешлиќ ја раскажа негов пријател кој претходно ја слушнал од Сејда, сопругата на легендарниот пејач кој почина на 7 октомври, а е објавена на една Фејсбук страница.

-Не сакам да пишувам „жалопојки за него“.  Ни на него тоа не би му се допаднало. Сакам да кажам еден пример што Сејда ни го раскажа за Халид.

Повеќето луѓе знаат дека Халид некогаш поседувал бензинска пумпа во Семизовац и хотел веднаш до неа. Приказната на Сејда вели дека Халид се вратил дома пијан, а му недостигале пари од прометот, 9.000 марки.

Се испоставило дека некој Заим, работник на пумпата, кого двајцата добро го познавале како добар и чесен човек, ги зел парите.

Што да прави Сејда, се обидувала малку да го утеши: „Ајде, нема врска, Халиде, ќе помине“, и така се смирил.

Му вели Сејда на Халид по некое време: „Ќе одиме на бензинската пумпа во Семизовац следната недела“. Кога стасале таму, Сејда го прашува Халид изненадено.

-Па, еве го Заим Халиде, нели го отпуштија?

На ова, Халид ѝ одговара:

-Па, јас работам нормално, какво отпуштање?“, ѝ одговорил Халид.

-Па, Халиде тој ни ги украде парите!“, рекла сопругагата Сејда.

-Тој не украде Сејдо, туку зеде 9.000 марки. Сигурно му требале. Да не му требаа, немаше да ги земе драга Сејдо. Јас се загрижив што тој има проблеми и му фалат пари, а работи за мене. Па, му ја покачив платата за помалку да му недостасува“.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо
Се вчитува....