22.5 C
Скопје
06:42 - 22 јуни, 2026

Психологот објаснува кои 4 особини треба да се развијат кај децата: Така ќе станат среќни и успешни луѓе

семејство развој

Родителите многу често имаат дилеми за тоа какви карактеристики треба да развијат децата преку воспитувањето за да можат како возрасни личности да бидат независни, среќни и успешни.

Многумина мислат дека себичноста кај децата е исклучиво негативна особина, не разбирајќи ги ниту оние фази на развој во кои таа како карактеристика е нагласена. Со воспитувањето некои родители се обидуваат целосно да ја елиминираат. Сепак, психолозите мислат дека ова не е добар пристап.

„Себичноста може да биде пожелна, доколку е здрава. Таа е здрава се додека детето добива нешто што го сака и се грижи за него и истото не сака тоа да го сподели, а со тоа не ги загрозува другите“, објаснува психотерапевтката Ана Поповиќ за „Телеграф“.

Таа посочува дека себичноста кај децата може да ја зголеми самодовербата и да им овозможи да станат среќни и успешни луѓе, затоа што учат да ги почитуваат и да ставаат некои од нивните потреби и приоритети пред потребите на другите.

„Ако го поедноставиме, сите ја знаеме мантрата: Кој не се сака себеси, не е способен да ги сака другите луѓе“, посочува Поповиќ.

деца развој семејство 2

Клучни карактеристики за успех и среќа

Таа посочува дека постојат четири особини кои се важни во развојот на децата за да можат еден ден да бидат среќни и успешни луѓе: самосвест, самоконтрола, самодисциплина и самоспознавање.

„Самосвесноста е многу важна, бидејќи така детето учи кои се неговите грешки и како да ги исправи. Родителите можат да ја поттикнат самосвесноста со тоа што ќе ги насочат децата кон различни општествени ситуации, ќе ги променат нивните социјални искуства и ќе одржуваат високи очекувања во однесувањето. Процесот на социјализација значи дека децата мора да бидат свесни за тоа како нивните зборови и постапки влијаат врз другите и соодветно да го менуваат своето однесување“, објаснува Поповиќ.

Таа наведува дека учењето на самоконтрола е една од исклучително важните дисциплини на патот кон формирање здрава и успешна личност

„Свесноста на детето за неговиот емотивен свет е вистински подарок, но ретко се случува децата да имаат способност да ги контролираат емоциите како што се вознемиреност, тага или гнев на рана возраст. Идентификувањето на овие чувства е будење на свеста кај децата дека нешто не е во ред, што е неопходно за развој на емоционалната интелигенција и основен услов за емпатија“.

„Родителите можат да иницираат самоконтрола кај своите деца со тоа што ќе го насочат вниманието кон нивните чувства, ќе создадат моменти на релаксација и ќе понудат алатки за да ги смират кога се вознемирени. Ако го научат тоа во детството, ќе ги следи цел живот, а моќта на самоконтрола е една од карактеристиките што ги разликува успешните луѓе и зрелите личности“, објаснува Поповиќ.

Самосвесноста е важна особено за периодот на адолесценција

„Родителите можат да ја поттикнат самосвесноста кај децата со тоа што ќе им помогнат да ги препознаат своите предности, да ги поддржат нивните широки интереси и да им овозможат можности за предизвици во последните години од основното училиште и за време на средното училиште“, објаснува психотерапевтот.

Една од најважните квалитети на патот кон успехот е самодисциплината

„Самодисциплината, како и мускулите, треба да се развива од рана возраст. Всушност, најдобро се практикува со одложување на задоволството. Со мали деца, да речеме, тоа е ситуација во која тие седат на маса и чекаат возрасните да седнат, а потоа сите да јадат заедно.

Таа минута разлика, веднаш да не посегнат по задоволството, прави чуда за развојот на самодисциплината. На училишна возраст, тоа е да се научи детето да не го троши целиот џепарлак веднаш, туку да штеди. Помогнете им да разберат дека некои посакувани исходи, како постигнување добри резултати во училиште и спорт и помагање на другите, бараат од нив да се откажат од некои мигновни задоволства и придобивки“, советува Поповиќ.

Слични објави

Лидија Вукиќевиќ по долго време проговори за партнерот: „Никогаш не дозволив во мојата куќа да влезе некој со кого ќе си легнам во кревет“

E.A.

Бидете уникатни – подарете рачно изработени свеќи инспирирани од убавината на природата

Еспресо

Погребана мајката на Бајага  — jа преживеа голготата во Јасеновац, а музичарот само еднаш проговори за тие стравоти

E.A.

Неделен хороскоп од 21 до 28 јуни: Рибите ќе имаат одлична динамика во љубовниот живот, Биковите ги очекува авантура

Т.Ц.

Мајката на Нина Бадриќ со коментар за Јаков Јозиновиќ: „Не можеш ни да замислиш што му значи ова…“

E.A.

„Најгорда сум на светот“: Јована Јеремиќ влезе во рингот кај Тигарот и му посвети емотивна порака

E.A.
Се вчитува....