04:26 - 7 ноември, 2026

Противничката на „месојадците“ Карлеуша сепак ќе пее на најголемиот настан на печено месо (за 20 илјади евра)

Пејачката во изминатите години постојано нагласуваше дека е поддржувач на правата на животните и дека го исфрлила месото од исхраната.

Јелена Карлеуша привлекуваше големо внимание во јавноста поради нејзините очигледно цврсти ставови кои подоцна малку ги промени.

Пејачката на социјалните мрежи откри дека престанала да јаде месо и дека сите други треба да го направат истото. И ова можеби ќе има смисла доколку неодамна не беше објавено дека ќе настапи на Роштилијадата во Лесковац, а за тоа ќе добие убава сума – 20.000 евра.

„Какви идиотски наслови се овие? Не пеам на скарата туку на народот, на плоштад му пеам на народот, не на колбасите. Ако пеам во Лесковац, тоа не значи дека одам да јадам скара.И да, јас сум заштитник на животните и тоа го покажувам со моите постапки.Јас ја користам мојата заработка за да им помагам на животните…“, напиша Карлеуша на Инстаграм, реагирајќи на текстот за нејзиниот настап кој беше објавен на порталот Nova.rs.

„Зошто луѓето пијат кравјо млеко, а не човечко?“, праша пејачката во ноември 2018 година.

“Јајцата се менструација на кокошката. Ние како човечки вид јадеме менструација од друг вид. Прекрасно нели”, прашала Карлеуша во една прилика, а подоцна објавила фотографија од одморот, каде консумирала јајца.

„Оние кои велат „Јас не убивам животни, купувам веќе убиени, тоа е веќе мртво“, треба да знаат дека во човечкиот правен систем тоа се нарекува „нарачување убиство“. Вие сте прогласени за виновни, а рацете ви се крвави“, своевремено рекла Јелена.

Сепак, ќе му пее на месото, или на парите, и покрај тоа што Здружението на граѓани Лесковац покрена успешна петиција „дека ќе ѝ платат, само да не пее“.

Градоначалникот на Лековац Горан Цветановиќ застана на страна на пејачката а не на граѓаните, објаснувајќи дека и лани пеела Цеца и сите кои се бунеле пак дошле на настанот.

„Баш би сакал да соберат пари, еве велам, колку ќе соберат, јас ќе дадам дупло“, рекол Цветановиќ.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....