13.8 C
Скопје
21:53 - 20 април, 2026

Прво лице анфас – Зоран Ристевски, ака Зоки Бејбе: Само кога сум спокоен сум среќен

Без Зоки Бејбе не би го познале Зоран Ристевски. Без Зоки Бејбе не би го познале ниту Скопје. Со него секоја журка е позабавна, секое радио поинтересно, скопските улици понасмеани.

Радио водител и диџеј, според хронолошкиот ред на избор на професија. Понекогаш едното, понекогаш другото, а во многу периоди и двете истовремено. Како сега, со редовни емисии „Првата убава работа во денот“ на брановите на Радио Бар и „Дим“ на Амок радио и паралелно клупски свирки во повеќе скопски (и не само скопски) клубови. Неодамна го отвори концертот на Каролина Гочева. И со тоа темпо е од неговата дваесетта година. Незапирлив, на точак или на лонгборд, го бои Скопје со музика, со својот колоритен дух и уникатна персона.

Моето Скопје е место каде мојот живот има смисла и каде остварив и доживеав сè што посакав. Во иднина место каде со возбуда и многу љубов ќе се враќам. Така посакувам. Фото – приатна архива

Главниот позитивен аспект на твојата личност.

– Искреноста, поинаку за мене е невоспитано.

Како би се опишал некому кој треба да те препознае на „средба на слепо“(blind date) под услов да не е на социјалните мрежи)?

– Диџеј и секс симбол, ахахах.

Кои квалитети ги цениш најмногу кај луѓето?

– Искреноста, лојалноста и емпатичноста.

Со што некој заслужува да стане твој пријател?

– Да е забавна личност е добар старт. За понатаму, здравје.

Што може да биде причина да „ставиш крст“ на некое пријателство?

– Манипулативно, неискрено, агресивно и арогантно однесување.

За што е добра виртуелната реалност на социјалните мрежи?

– Најголемо задоволство во буквална смисла имам доживеано од социјални мрежи каде сите се голи. ахахаха

Твојот главен недостаток/маана.

– Ме мрзи да правам сè што не е моја страст, љубов и опсесија. За сè друго може да се плати помош, но јас немам за тоа да платам, па се мачам хаха.

Твојата идеја за среќата.

– Само кога сум спокоен сум среќен.

Што може да те направи несреќен?

– Неправда, безаконие, простотилак и секако секое омаловажување на маргинилизираните во општеството.

Ако не си овој кој си, кој би сакал да бидеш?

– Буда

Каде/во која земја би сакал да живееш?

– За початок Србија, бидејќи сум роден во Белград и сакам да откријам што тој има за мене и мојот живот да понуди. Не сум престојувал подолго од 3 месеци во него.

Фото – приатна архива

Која е твојата омилена музичка деценија?

– Деведесетите и убавината на првата декада на глобалната клупската електронска сцена.

Твојот омилен филм или филмски автор.

– Бертолучи, „Последното танго во Париз“.

Која книга или автор ти оставиле впечаток во последно време?

– Пати Смит – „Дечиња“ или „Just Kids“, какошто е оригинално насловена. Приказна за љубовта на Пати со познатиот американски фотограф Роберт Мепелтроп.

Кога би можел да разговараш со кој и да е човек кога и да е живеел, кој би бил тоа?

– Тој човек не е историјски познат, но мене ми е многу близок, а не сум имал среќа да го запознаам бидејќи не сум бил роден. Починал многу млад, но веќе бил татко на мојата мајка. Со сите други баби и дедовци многу се сакавме.

Моето Скопје е…

– Место каде мојот живот има смисла и каде остварив и доживеав сè што посакав. Во иднина место каде со возбуда и многу љубов ќе се враќам. Така посакувам.

Лонгбордот за тебе е…

– Дел од мене.

Идеалниот ручек е…
– Во Пелистер сам или со пријатели.

Омилено место за одмор.

– Само да има море и плажа и да е септември.

Кафето е…

– Повод за муабет и цигара.

Фото – приатна архива

 

Слични објави

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо

Јована Јеремиќ повторно шокира: „Баба ми почина гледајќи филмови за возрасни“

Еспресо

Рале откри сè за односот со Ана Николиќ: „Имаме само еден проблем“

Еспресо

(Видео) Луксуз на јахта од 10 милиони евра – погледнете како уживаат Мелина Галиќ и нејзиниот сопруг по свадбената прослава

Е.А.
Се вчитува....