23.8 C
Скопје
16:24 - 20 октомври, 2026

Присила Присли оди на суд против внуката поради тестаменот на Лиза Мари Присли: „Не е автентичен, можеби е фалсификат“

По смртта на Лиза Мари Присли, единствената ќерка на Елвис и Присила Присли, очигледно започнува семејна расправија околу наследството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priscilla Presley (@priscillapresley)

Тестаментот покажува дека Грејсленд, големиот семеен имот во Мемфис што Елвис го купил во 1957 година за 100.000 долари и кој сега вреди 500 милиони долари, ќе им припадне на трите ќерки на Лиза: актерката Рајли Киу (33), родена од врската со Дени Киу и 14-годишните близнаци Харпер Вивиен и Финли, деца од бракот на Лиза Мари со Мајкл Локвуд (двајцата се разведоа во 2021 година).

Меѓутоа, од трите ќерки, таа што најмногу ќе има корист од тестаментот е Рајли, бидејќи мајка ѝ ѝ  оставила да управува со сите нејзини финансии и со имотот. Ова не ѝ се допадна на нејзината баба, односно мајка на Лиза Мари, Присила Присли. Сега, таа е подготвена да се бори на суд.

77-годишната актерка до денеска беше вклучена во управувањето со имотот на нејзината ќерка. Но, таа сега откри дека тестаментот, во 2016 година, претрпел промена за која не била свесна. И таа промена ја исфрлила од фондот за доверба кој управува со сите средства на Лиза Мари. Задачата, според амандманот од 2016 година, им припаѓа на најстарите деца на Лиза Мари: Рајли и Бенџамин. Со оглед на тоа што Бенџамин почина извршувајќи самоубиство на 27-годишна возраст во 2020 година, само Рајли останува да управува со семејните средства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riley Keough (@rileykeough)

Вдовицата на Елвис, сепак, според „Пејџ сикс“ веќе ги поднела документите потребни во судот во Лос Анџелес за да го оспори амандманот од 2016 година.

Според Присила, документот „не е автентичен“. Прво, бидејќи никој никогаш не ја известил за негово постоење, второ – името Присила „е напишано со правописна грешка“, а потписот на Лиза Мари „не е во согласност со нејзиниот вообичаен потпис“.

Тешките обвинувања 77-годишната Присила ги повтори и во јавноста во интервју за магазинот Ролинг Стоунс:

„Документот никогаш не ни беше доставен кога Лиза Мари беше жива. Ако тоа беа нејзини желби, зошто да не ги кажала порано? И сега се покажа дека документот не е автентичен, а и самиот потпис на ќерка ми изгледа неконзистентен. Можеби е фалсификат“.

Оттука и одлуката на Присила да оди на судот во Лос Анџелес. Започнува правна битка против нејзината внука Рајли.

Слични објави

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо
Се вчитува....