32.8 C
Скопје
15:46 - 8 септември, 2026

Принцот Хари повторно се враќа во Велика Британија: Чарлс има голем план за октомври, а еве што смисли неговиот син

Помина речиси една недела откако принцот Хари ја напушти Велика Британија каде што остана 24 часа, за да се види со својот татко, кралот Чарлс.

Посетата беше кратка, како и нивниот разговор, кој се толкува на спротивставени начини, додека експертите го предупредуваат принцот да не ги открива деталите од средбата бидејќи тоа би можело да предизвика да се врати старата болка во семејството.

Потоа следеше лансирањето на новата веб-страница на војвотката и војводата од Сасекс, што предизвика галама поради употребата на титулите (војводи од Сасекс) и употреба на кралскиот грб за комерцијални цели. Сега пак, се најавува потенцијално второ доаѓање на пребегнатиот принц во татковината.

Доаѓањето на принцот Хари се очекува во мај, по повод 10-годишнината од игрите Инвиктус, кои започнаа во 2014 година во Лондон, а прославата ќе се одржи во катедралата Свети Павле.

– Хари навести дека би сакал за Игрите Инвиктус да се врати во Британија, но и другите членови на семејството секогаш го поддржувале ова натпреварување – пишува британски Експрес.

Принцот Хари, кој имаше еден услов да се сретне со својот татко, набргу по враќањето во САД каде веќе неколку години живее со Меган Маркл и нивните деца Лилибет и Арчи, се појави на доделувањето на НФЛ наградите во Лас Вегас. Имаше навестувања дека војвотката и војводата ќе бидат присутни и на неодамна одржаниот Супербоул во овој град, но испадна дека тоа не било планирано за нив, бидејќи заминаа во Канада токму на отворањето на Игрите Инвиктус, кои ќе траат од среда до петок.

Од друга страна, кралот Чарлс Трети продолжува со лекувањето, тој денеска се врати во Лондон од Сандрингем, каде што ќе престојува поголемиот дел од времето со повремени патувања во главниот град на обврски, но и на терапија. Во меѓувреме, се покажа дека кралот сè уште се надева дека ќе ја посети Австралија со кралицата во октомври и покрај дијагнозата. Неговото тековно лекување го доведе во прашање патувањето во земјата, но изворот вели дека монархот се надева дека ќе ги направи посетите како дел од прдвиденото патување.

Потсетуваме, Чарлс Трети пред две недели беше опериран во приватна болница во Лондон, каде му беше дијагностициран рак но се уште не е откриено за каков вид на рак станува збор.

Слични објави

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.
Се вчитува....