03:18 - 8 ноември, 2026

Принц Вилијам на свадба кај поранешната девојка без Кејт Мидлтон

Принцот од Велс присуствуваше на венчавката на неговата поранешна девојка додека Кејт Мидлтон остана дома со своите три деца, пренесува Деили меил.

Принцот Вилијам и честиташе на својата поранешна девојка Роуз Фаркаур за изборот да се венча и лично присуствуваше на нејзината свадба во Глостершир.

Според британските медиуми,  принцот од Велс пристигнал на свадбата без својата сопруга и „незабележано влегол“ од задната врата на црквата St Mary the Virgin во Тетбери за да ја види својата поранешна партнерка како се венча со ветеринарот Џорџ Гемел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kfb (@kelvinfbruce)

Британските медиуми известуваат дека на церемонијата присуствувале долгогодишни пријатели на Вилијам, меѓу кои и друга негова поранешна девојка Оливија Хант, како и пријателите од универзитетот.

Принцот Вилијам и Роуз Фаркухар се познаваат уште од детството. Нивната романтична врска започна во 2000 година, но траеше само неколку месеци, по што Роуз одлета во Америка за да студира и да изгради кариера. Познато е дека Роуз и Вилијам одржуваат срдечни односи и често се гледаат во друштво на пријатели и на официјални настани.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....