25.8 C
Скопје
15:05 - 29 април, 2024

Прија ќе инкасира речиси половина милион евра за Нова година и репризната вечер: Мајка ѝ најавува изненадувања!

Александра Пријовиќ ќе забавува 2.400 луѓе за Нова година и репризната вечер!

Младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ руши рекорди низ регионот. По пет успешни концерти во загребската арена на почетокот на овој месец, Прија утре и задутре ќе одржи концерти во салата Мејдан во Тузла во рамки на турнејата „Од исток до запад“, но тоа не е се.

Пријовиќ на 30 декември ќе настапи на плоштадот во Будва, додека за Белград се резервирани новогодишната ноќ и репризната ноќ, а како што пренесува српски „Информер“ за овие два дена ќе заработи вкупно 451.800 евра.

Имено, 1.200 луѓе кои ќе ја дочекаат Новата година со Прија платиле од 210 до 270 евра за седишта. Според мапата на салата достапна на веб-страницата на организаторот, ќе бидат поставени вкупно 101 маса и секоја ќе има по 12 седишта.

Местото е поделено во пет ценовни категории врз основа на растојанието и погледот кон сцената. Најевтини се масите во црвената зона, ги има 20, а местата на нив чинат 170 евра по лице. Бронзените места чинат 190 евра, сребрените 210, а златните места се плаќаат по 240 евра. Има и најскапи места – платинести, каде има само 10 маси, а чинат 270 евра по човек.

Според мапата за седење, на 101 маса ќе седат вкупно 1.212 луѓе и ќе дадат вкупно 257.880 евра.

Истата програма ја очекува публиката и за репризната ноќ – 1 јануари, но цените се нешто поефтини. Цената за столица во сите категории ќе биде пониска за 50 евра по лице, освен во златната зона, која е поевтина за 60 евра. Гостите за репризата ќе дадат помалку пари од оние за дочекот на Нова година, што е вкупно 193.920 евра.

Мајката на Александра Борка Михајловиќ откри дека за двете вечери ќе биде со својата ќерка иако планирала да работи.

– Требаше да работам, но мислам дека тогаш ќе бидам со неа. Ако можам, можеби ќе пееме заедно – изјавила Борка за „24сата.хр“, и додала дека е горда на својата ќерка.

– И што да кажам? Се чувствувам навистина горда. Задоволна и среќна. Одиме понатаму кон нови победи. Подготвуваме уште некои изненадувања, но не смеам ништо да откривам – додаде таа.

Слични објави

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо
Се вчитува....