06:05 - 10 ноември, 2026

„Преживеав многу бомби во животот за да се плашам од дојава за бомба“: Цеца Ражнатовиќ се огласи по евакуацијата од зградата на РТС

Како што дознава српски „Блиц“, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во моментот на дојавата за бомба во зградата на РТС се симнувала на снимањето на емисијата.

По евакуацијата и адекватната реакција на надлежните, Цеца Ражнатовиќ се вратила на снимањето на емисијата, направи луда забава, па дури во еден момент заедно со публиката го отпеала големиот хит „Белград“.

По драмата на РТС, Цеца се огласила за „Блиц“, па истакнала дека преживеала многу полоши бомби во животот.

– Апсолутно не бев вознемирена. Преживеавме многу полоши бомби, за сега да нè плашат лудаци, манијаци, психопати. Ај што ги плашат возрасните, тоа е морничаво, но тоа што се случува во училиштата, дека ги плашат децата, тоа е апсолутно неприфатливо и треба да се санкционира на најстрог начин. Што се однесува до мене, баш ми е гајле – рекла Цеца за „Блиц“.

Вчера околу 16 часот имало дојава за експлозивни направи во зградата на Радио и телевизија на Србија на Кошутњак.

Цеца и присутните биле евакуирани од зградата, додека надлежните екипи излегле на терен и го прегледувале објектот.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....