7.8 C
Скопје
02:12 - 20 октомври, 2026

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Познатиот јутјубер Бојан Симоновиќ Сими имал тешка сообраќајна несреќа ноќва околу четири часот наутро во Нови Сад. Според неофицијални информации на медиумите, тој бил приведен по несреќата бидејќи полицијата утврдила дека управувал под дејство на алкохол, со 1,6 промили алкохол во крвта.

Несреќата се случила на улицата Булевар ослобоџења кога, како што се сомнева, изгубил контрола над скапото BMW M4 CS, чија вредност се проценува на околу 200.000 евра. Тој удрил во паркирани возила, по што неговото возило се запрело.

Во врска со приведувањето на јутјуберот, неговиот познат адвокат од Нови Сад, Радомир Мунижаба, кој го застапува Сими, за Блиц потврдил дека тој учествувал во сообраќајната несреќа.

„За среќа нема загинати или повредени лица, но настанала голема материјална штета, со оглед на тоа што се работи за скап и редок модел BMW M4. Господинот Симоновиќ бил приведен од полицијата и моментално се наоѓа на полициско задржување. Очекувам дека во текот на денот ќе биде пуштен на слобода“, изјави Мунижаба.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....