5.8 C
Скопје
05:07 - 1 април, 2026

ПОСНО, ЛЕСНО и ВКУСНО: Бомбици со компир и праз – одлично викенд мезе без печење

Велигденските пости кои траат 48 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогатиме со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Денес ви откриваме еден посен рецепт кој е многу лесен за подготовка, нема печење нема седење цел ден во кујна, само вклучете го блендерот и за кратко ќе имате посно јадење на трпезата.

Состојки:

– 800гр компир
– 100гр. маргарин
– 300гр. праз
– 3 чешниња лук
– 20гр мешан зачин
– 100гр лебни трошки
– 100гр. сусам

Подготовка:

Излупете ги, убаво измијте ги и ставете ги да се варат во вода. Откако убаво ќе се сварат оставете ги да се изладат, а потоа ставете ги во блендер заедно со маргаринот.

Исечкајте го ситно празот, а лукот убаво истолчето го и додадете го во смесата и блендирајте уште малку.

Намастете ги малку рацете со масло и од смесата почнете да формирате топчиња кои ќе ги влакате во лебни трошки или сусам кој мора да е претходно малку потпечен на хартија во тава.

Може и целата смеса да ја ставите во сад за салата па со лажица да ја послужувате. Изборот е ваш!

Добар апетит!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....