7.8 C
Скопје
00:46 - 30 март, 2026

ПОСНО ЕМ ВКУСНО: Тестенини со мед и ореви

Велигденските пости кои траат 48 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогатиме со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Овој пат уживајте во еден поинаков тип на тестенини, слатки, а најважно од сѐ посни.

Состојки:

– 250гр. шпагети или макарони
– 50гр. сечкани ореви
– 4 лажици мед
– 2 лажици кафеав шеќер
– 4 лажици кокосово брашно
– 100гр посно чоколадо за готвење (по желба)

Подготовка:

Сварете ги шпагетите/макароните во вода во која ќе додадете и малку сол. Убаво исцедете ги и додека се топли додадете го медот и убаво промешајте ги во некој подлабок сад.

Во истиот сад потоа додадете го шеќерот, сечканите ореви и кокосовото брашно.

Посната чоколада стопете ја на пареа и прелијте ги макароните откако ќе ги сервирате во чинија.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....