13.8 C
Скопје
16:53 - 17 март, 2026

Последната љубов на Мајаковски: Цвеќиња од него добиваше со децении по неговата смрт

И покрај сè, ќе те добијам еднаш – сам или заедно со Париз

Таа беше последната љубов на Мајаковски, блиска пријателка на Марлен Дитрих и муза на Кристијан Диор.

Татјана Јаковљева е родена во Русија, но се пресели во Франција на многу рана возраст. Официјалната причина за нејзиното заминување во Париз беше лекувањето од туберкулоза, но таа успеа да ја напушти Русија благодарение на Андре Цитроен, сопственикот на автомобилската компанија, кој беше семеен пријател (нејзиниот чичко му помогна на Цитроен да направи скици за идните автомобили).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophie Franny (@sophiefranny)

Во Париз, 19-годишната Татјана веднаш се вклучи во општествениот живот на главниот град на Франција и многу брзо стана модел, на чија убавина, од рекламните постери, се восхитуваше целиот Париз.

Токму во Париз, во тој период, ја забележа Владимир Мајаковски, рускиот поет кој веднаш се заљуби во неа. Татјана, која порасна и беше воспитувана во духот на стиховите од Пушкин, не разбра ниту еден збор од жестоките и скршени стихови на Мајаковски, не беше нималку фасцинирана од неговата слава, а нејзиното срце остана недопрено.

Мајаковски се врати сам во Москва. Тој напиша прекрасна песна „Писмо до Татјана Јаковљева“, а дел од стиховите во неа, се следните: „И покрај сè, ќе те добијам еднаш – сам или заедно со Париз“. Мајаковски ги стави сите хонорари добиени од книжевните вечери во Париз, на сметка на една позната цвеќара, под само еден услов – неколку пати во неделата, секоја недела, да ѝ доставуваат букет од најубавите и најнеобични цвеќиња на Татјана.

Фото: Ју Тјуб/ Принтскрин

Реномираната париска компанија ги следеше упатствата на познат клиент. Од година во година, секоја недела, снабдувач тропаше на вратата на Татјана Јаковљева со букет цвеќе и кратка порака: „Од Мајаковски“.

Оваа љубовна приказна немаше среќен крај. Мајаковски почина во 1930 година, одзимајќи си го животот на 36-годишна возраст, а Татјана беше потресена од оваа вест. Иако тие не се гледаа и не допишуваа, таа беше навикната Владимир да биде дел од нејзиниот живот.

Сепак, цвеќињата пристигнаа следниот ден по неговата смрт, со истата порака. И следната недела. Цветовите пристигнаа да доаѓаат во 40-тите години на 20 век, кога Мајаковски веќе беше заборавен, по Втората светска војна. Снабдувачите старееа пред нејзините очи, беа заменети со нови, но сите тие знаеа барем дел од оваа легенда и цвеќиња секогаш ѝ ги доставуваа со насмевка, велејќи ѝ: „Од Мајаковски“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Me estoy leyendo… (@meestoyleyendo)

Татјана Јаковљева живееше повеќе од 60 години по Мајаковски. Се омажи, роди ќерка, остана вдовица и повторно се омажи.

Слични објави

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо
Се вчитува....