На Фејсбук се огласи музичарот кој го основал бендот на „ДНК“, кој сега живее во Нов Зеланд.
Станува збор за Влатко Георгиев, наш познат гитарист кој свиреше и во бендот на Тоше Проески и на многу домашни музички манифестации. Пред неколку години, тој се пресели во Нов Зеланд.
– Панчо, Андреј и Сара, со тешко срце и сѐ уште со неверување ви ја праќам оваа последна порака. Нека ви е вечна славата и нека дружбата горе ви биде исто забавна како и овде доле.
Ми беше чест што ми ја доделивте одговорноста да го оформам и водам бендот со кој ги започнавме првите концерти на „ДНК“ и ми беше огромно задоволство со години да ја делам бината со вас.
Некој горе Ве сакаше повеќе и Ве зема кај Него. Искрено сочувство и до семејствата на сите жртви во најголемата трагедијата што ја зави Македонија во црно. Со љубов, Влатко Георгиев – напиша музичарот на македонски и на англиски јазик.

