05:37 - 10 ноември, 2026

Мелина Џиновиќ добро се „офајди“ од вереникот: Добила прстен, стан во Монте Карло и ташна од 80.000 евра!

Мелина Галиќ, некогаш Џиновиќ, минатиот викенд се вери за успешен бизнисмен (69) во Монако, каде што живеат веќе некое време.

Како што дознава српски „Курир“ од добро информиран извор од местото на настанот, романтичниот чин бил приреден во еден луксузен ресторан во Монте Карло пред околу 50 гости.

„Партнерот на Мелина го закупил на неколку часа еден од најпознатите луксузни ресторани во Монте Карло, кој е еден од нејзините омилени. На вечерата присуствувале околу 50 гости од целиот свет, меѓу кои биле и нејзината ќерка џина, мајка ѝ, како и нејзината кума, милијардерката Тамара Еклстон. Таа за веридбата не знаела ништо, бидејќи претходно воопшто не се зборувало за тоа, а изненадувањето се подготвувало уште од летото. Мелина мислела дека тоа ќе биде само уште едно обично излегување на вечера, но кога ги видела сите нејзини драги луѓе, за малку ќе се онесвестела од возбуда. Поранешната сопруга на Харис добро се ‘офајдила’ од својот партнер, па така таа вечер, покрај скапоцениот прстен, на подарок добила и стан на свое име во Монте Карло во кој дотогаш живееле заедно, како и ултра-ретка чанта „Ерме Кели“ од кожа на алигатор, за која сонувала со години, а чија цена е 80.000 евра“, вели изворот за „курир“.

Инаку, како што пренесоа домашните медиуми, Мелина го поминала летото со својот сегашен вереник на неговиот брод долг 48 метри, со кој пловеле и обиколувале разни дестинации.

При посетата на нашата екипа на Монте Карло минатиот месец, една од првите соседки на Мелина, инаку Србинка, ни раскажа детали за врската на модната креаторка и постариот бизнисмен.

„Овој стан во кој е сега Мелина не е нејзин, туку е во сопственост на нејзиниот дечко. Тој го има тој недвижен имот веќе неколку години. Точно е дека е милионер, а е постар од Мелина повеќе од 20 години. Жената дефинитивно сака постари мажи, тоа ѝ е фетиш. Тој е навистина „одлепен“ по неа и се труди да ѝ угоди во сè. Многу се дискретни, ретко излегуваат заедно оттука. Нивниот стан е еден од најубавите во зградата, имаат фантастичен поглед на главниот булевар, но и на морето. Човекот е многу галантен, тој преку свои врски ѝ го среди отворањето бутик во една концептуална продавница, каде што ги продава своите фустани“, ни раскажа сосетката.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....