05:11 - 18 ноември, 2026

Попоски: Вистински пролетни температури и стабилизирање на времето, еве кога

– Во текот на претстојната ноќ, а особено утре на повеќе места во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2). На планините над 1300 – 1400 м.н.в ќе има врнежи од СНЕГ.

Во следниот период ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе ЗАСИЛУВА на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината исто така утре се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Локален дожд и снег на планините ќе има и во понеделник.

Веќе од вторник па натаму следува СТАБИЛНО и СУВО време со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце. Исто така од средината на следната седмица и температурите ќе бидат ПРОЛЕТНИ и речиси насекаде ќе се искачуваат над 15 степени, а во централните и во југоисточните предели и над 20 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Семејна прошетка – Дарко Лазиќ со сопругата и ќерката отиде во едно од најголемите свети места во Србија

Еспресо

Саша Ковачевиќ му го даде на синот своето вистинско име: малкумина знаат како навистина се вика пејачот

Еспресо

Николија Јовановиќ за почетоците со Реља Поповиќ: „Не можеше да се воздржи да заврши песната“

E.A.

Тања Савиќ искрено проговори за борбата за потомство со Муки: „Би посвоиле дете“

Еспресо

Насилникот не смее да биде почитуван, а жртвата да живее во страв – кога молчењето станува соучесништво

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ на семејната слава кај Жељко Митровиќ: Ја покажа раскошната декорација, а друштво ѝ правеше и ќерката Леа

Еспресо
Се вчитува....