-4.2 C
Скопје
07:01 - 19 февруари, 2026

Попоски: Силен ветер и голем пад на температурите, можно локално невреме

– Во следните часови, поради продор на многу посвежа воздушна маса од север, кај нас во Македонија се очекува пад на температурите за околу 10 степени, понекаде дури и за повеќе од 10 степени, а а на повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).

Локално ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.

Температурите како што кажавме ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени, а потоа во деновите од викендот тие повторно ќе бидат повисоки преку ден, но повеќе не се очекуваат екстремно високи температурите како што имавме до сега.

Мора да се напомене дека наутро ќе биде многу свежо со минимални температури кои понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени, понекаде, особено во Беровскиот регион и до околу 5 степени.

Во Скопје исто така во следните часови ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурата значително ќе се намали за околу 10 степени.

Како што беше најавено од наша страна, во Алскиот регион поради продорот на студен воздух од Арктикот, имаше и врнежи од снег и таму сега владее прекрасна снежна бајка, а температурите во некои делови се спуштаат и под нулата. Во делови од Алпскиот регион е формирана снежна покривка дури до 10 сантиметри. Снег заврна и на Кредарица во Словенија – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....