7.8 C
Скопје
02:49 - 30 март, 2026

Попоски: Пролетни температури, уживајте во сонцето, попладне носете чадор, еве ја прогнозата

– До крајот на оваа недела во претпладневнит часови во Македонија ќе има повеќе сончеви периоди, додека од пладневните часови времето ќе биде променливо облачно и со појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи.  Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во Скопје исто така во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови времето ќе биде малку пооблачно и ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд.

Температурите и во следните денови ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 23, 24 степени.

На почетокот од следната седмица пак и тоа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на суградица и на град.

Сепак и покрај ова температурите остануваат ПРОЛЕТНИ – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....