7.8 C
Скопје
23:56 - 31 март, 2026

Попоски: Очекувајте нова тура врнежи, а ќе има и невреме, еве кога

– Под влијание на влажен воздушен  бран од запад, во текот на претстојната ноќ, како и утре на повеќе места низ Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, во западните предели и со умерен интензитет. Утре, како и во почетокот од следната седмица ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Под влијание на изразен циклон од запад, од понеделник до среда во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, особено во вторник процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Во Скопје и околината исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Од понеделник до среда во делови од котлината во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради јужното воздушно струење, во следните денови температурите ќе бидат ПОВИСОКИ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, а од средината на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 29 степени. Посвежо ќе биде само утре со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Во Скопје температурата деновиве ќе се искачува во интервалот помеѓу 17 и 23 степени.

Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....