10:08 - 4 април, 2026

Попоски најавува уште постуден бран, температури и минус 6

– До сабота времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен, особено денес и утре Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Денес во западните предели ќе има услови за повремен слаб дожд, додека на планините над 1500 м.н.в ќе провејува слаб снег.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени,а наутро истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.  Најстудено утро ќе имаме во сабота кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува повремено засилен ветер од северозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од о до 3 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 12 степени.

Нов влажен и УШТЕ ПОСТУДЕН бран од север се очекува во недела особено доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник кога се очекуваат нови врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне СНЕГ а снежната граница особено во западните и во северните предели локално ќе се спушти дури и под 1000 м.н.в, со што провејување на снег се очекува понекаде и во населените места.

На планинските места и скијачките центри се очекува ново формирање, како и зголемување на снежната покривка – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....