01:15 - 5 април, 2026

Попоски најавува топлотен африкански бран во Македонија, еве кога

– Под влијание на топла воздушна маса од Африка, времето во Македонија во следните денови ќе биде стабилно, суво и претежно сончево. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, на повеќе места тие ќе надминуваат и 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе достигне до 39 степени.

Да напоменеме дека овие температури и не се екстремно високи, како што имавме за време на првиот екстремно топол Африкански бран.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и во следните денови ќе има вредност помеѓу 8 и 9.

Во Скопје за време на овој топол бран температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 35 степени.

Повисоки ќе бидат и минамалните утрински температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени – вели метопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....