29.3 C
Скопје
18:21 - 15 јули, 2026

Анџелина Џоли на удар на критики поради непотизам – ќерка ѝ стана асистент, а Џоли продуцент

Анџелина Џоли се соочува со негодувања на јавноста, откако ја постави ќерка ѝ Вивиен за личен асистент во новиот проект.

Џоли е критикувана, затоа што ја поставила за асистент на новиот бродвејски мјузикл The Outsiders, на кој таа е продуцент.

Џоли за првпат работи на Бродвеј и за првпат ја вработила ќерка ѝ како асистент.

„Многу ме потсетува на мајка ми, бидејќи не сака да биде во центарот на вниманието, но сака да поддржува други креативни луѓе. Многу е сериозна и внимателна кога е театарот во прашање и мислам дека може и знае како да придонесе за проектот”, рече Џоли.

Мјузиклот е базиран на романот на С. Е. Хинтон и на истоимениот филм од 1983 година на Френсис Форд Копола. Тогаш голем број холивудски глумци играа во него. Том Круз, Роб Лоу, Патрик Свејзи, Ралф Макио, Мет Дилон и Дајан Лејн беа само некои од нив.

Приказната ги следи двете ривалски тинејџерски банди во Оклахома.

Слични објави

(Видео) „Те сакам најмногу“: Голема прослава во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ

Еспресо

(Фото) Убавината е во деталите – Освежете си ја кујната со уникатните даски за сецкање и сервирање на Wood Room

Еспресо

„Спиењето под милион ѕвезди не може да го замени ниеден хотел“: Маја Кикириткова откри на каков одмор најмногу ужива

Еспресо

„Сега ги има овие од 100 евра“: Карлеуша ја поткачи девојката на Тошиќ, па откри кој бил подобар сопруг

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ направила хаос во трговски центар во Белград, обезбедувањето морало да реагира

apostolova

(Фото) Анабела го покажа своето тело во шестата деценија: Никој не може да поверува како изгледа

Еспресо
Се вчитува....