24.7 C
Скопје
21:19 - 15 јули, 2026

Кој модел на чевли е идеален за вас според вашиот хороскопски знак?

чевли

Чевлите се моден додаток, но тие може да откријат и дел од вашата личност, особено ако се избрани во согласност со карактеристиките на вашиот хороскопски знак. Во продолжение откријте кои чевли се идеални за секој хороскопски знак.

Овен – мокасини

Овните се вешти во мултитаскингот и секогаш се во движење. Затоа, потребна им се удобни и практични обувки што нема да им пречат во извршувањето на многуте задачи. Патиките дефинитивно спаѓаат во категоријата удобни обувки, но тука спаѓаат и класичните чевли со рамни стапала како што се мокасините.

Бик – беж салонки

Припадничките на овој хороскопски знак претпочитаат едноставни чевли што лесно ќе се вклопат во повеќето комбинации, без украсни апликации и во неутрални бои. За нив, идеален избор се салонките во беж боја.

Близнаци – неутрални модели со впечатливи детали

На Близнаците најмногу им одговараат чевли што ги откриваат двете страни на нивната интересна и комплицирана личност.

Рак – кадифени чизми до глуждови

Нежни исто како сопственичките, меките кадифени чизми до глуждови ќе ја истакнат романтичната страна на секоја припадничка на овој хороскопски знак. Моделите во пастелни бои се идеален избор.

Лав – сите чевли кои имаат „идентитет“

Нема обувки што Лавовите не знаат да ги носат. Тие сакаат да носат модели во впечатливи бои или со детали што другите жени не би се осмелиле да ги носат, како што се потпетиците во неонска розова боја.

Девица – класични црни салонки

Жените родени во хороскопскиот знак Девица обично ги игнорираат трендовите и им верни се на класичните модели на чевли. Во нивната гардероба сигурно има простор за обични црни салонки. Секако, од сјајна кожа, во никој случај не од брусена, бидејќи вторите се многу потешки за одржување, а на практичните Девици не им одговара тоа.

Вага – влечки со потпетица

На Вагите што не можат да одлучат дали се расположени за „сериозен“ или за обичен модел на чевли, дилемата ќе им биде разрешена со влечки со потпетица. Од една страна, тие можат да функционираат како чевли за дневни комбинации, а лесно се вклопуваат и во вечерните комбинации.

Скорпија – чевли со животински принт

Скорпиите сакаат да ја истакнат својата вродена сензуалност, која дополнително ја засилуваат со изборот на чевли со храбар животински принт.

Стрелец – патики

Жените родени во хороскопскиот знак Стрелец се вистински авантуристки, секогаш подготвени за нова авантура. За ваков начин на живот ви се потребни удобни патики во кои ќе се чувствувате слободно и непречено.

Јарец – балетанки

Исто како и Овните, Јарците секогаш трчаат од едно на друго место. Припадничките на овој хороскопски знак се најбрзи и најподвижни кога носат балетанки.

Водолија – металик чевли

Не ја поднесувате досадата во вашиот живот, ниту во плакарот. Затоа, возбудливите металик чевли се идеални за вас бидејќи веднаш стануваат главна ѕвезда на секоја комбинација.

Риби – дамски чевли

Моделите со подебела потпетица, со нестандардни текстури или украсени со впечатливи детали се одличен избор за креативните Риби затоа што нивните обувки изгледаат како вистинско мало уметничко дело.

Слични објави

Мила Арсовска ја откри животната битка: „На две години ме прегази воз, никој не знаеше низ што поминав“

Еспресо

(Фото+видео) Чипка и прорез што ги нагласи нејзините долги нозе – Џејла Рамовиќ се појави во фустан во боја на вино

Еспресо

„Најтешкото снимање ми беше на филмот Исправи се, Делфина“: Сеќавање на Неда Арнериќ, глумицата што ја овековечи легендарната Атина Бојаџи

Т.Ц.

(Фото) Редок семеен момент — Маријана и Росана го прославија 89. роденден на нивниот татко

Еспресо

(Видео) „Те сакам најмногу“: Голема прослава во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ

Еспресо

(Фото) Убавината е во деталите – Освежете си ја кујната со уникатните даски за сецкање и сервирање на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....