7.8 C
Скопје
08:44 - 15 март, 2026

Попоски најавува обилни врнежи од дожд, а многу снег на планините, еве кога

Во текот на оваа нова работна недела и понатаму нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Ќе има повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ОБИЛНИ (над 40 л/м2). На планините снежната покривка која ја има МНОГУ ќе се зголеми, а повремено снежната граница има услови да се спушти на некои места особено на запад и север и под 1000 метри.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец и истиот денес долж Повардарието ќе биде засилен на интензитет.

Во Скопје исто така ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини ќе паѓа снег. Денес и ветерот од југоисточен правец ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели. Наутро истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени.

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....