15:22 - 27 ноември, 2026

Лиза Мари Присли почива покрај својот татко Елвис – кралот на рокенролот

Починатата американска кантавторка Лиза Мари Присли сега почива крај својот татко Елвис, „кралот“ на рокенролот, на неговиот легендарен имот Грејсленд во американската сојузна држава Тенеси, каде што во неделата стотици обожаватели и пријатели дојдоа на последното проштевање од неа.

Лиза-Мари Присли беше единственото дете на Елвис Присли и неговата сопруга актерката Присила Боле Присли.

Од раните утрински часови се формирале редици за учество на погребот во Мемфис, а многумина носеа цвеќиња и фотографии на музичарката која почина на 12-ти јануари на 54-годишна возраст, набрзо по итната хоспитализација по срцев удар во нејзиниот дом во Калабасас во Калифорнија.

Погребниот обред заврши со процесијата до „Градината на медитацијата“ во Грејсленд, каде се и гробовите на Елвис Присли, на членовите на неговото семејство, а сега и на неговото единствено дете.

На сцената на којашто беше поставена голема фотографија на Лиза Мари Присли, пејачот на Smashing Pumpkins Били Корган, потоа Аланис Морисет и Аксл Роуз, лидерот на Guns N’Roses, се простија од музичарката. Проштално обраќање имаше и британската војвотка од Јорк, Сара Фергусон. Потоа хор изведе духовна песна.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....