9.8 C
Скопје
00:17 - 4 април, 2026

Попоски најавува нов бран интензивни дождови и временски непогоди, еве кога

– Под влијание на циклонска активност од запад, особено од утре (четврток), па до крајот на оваа седмица насекаде низ Македонија ќе има врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.  Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60 л/м2). Постои опасност од локални ПОПЛАВИ, како и излевање на некои од помалите реки низ државава.

Апелираме, граѓаните во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, и секако да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја во случај на појава на електрични празнења.

Во Скопје исто така ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ, како и на локални поплавувања во делови од котлината.

Температурите се до крајот на оваа недела нема многу да се менуваат во споредба од оние кои ги имаме сега, и покрај тоа што малку истите ќе бидат пониски – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....