7.8 C
Скопје
19:53 - 30 март, 2026

Попоски најавува дожд: А на целиот Балкан почнува силно снежно невреме!

– Снежното невреме низ Балканот (Хрватска, западна и северозападна Србија, како и Босна и Херцеговина) ќе започне уште од оваа вечер и ноќ. Локално во овие споменати држави и тоа на пониските места (градовите) ќе наврне од 30 до 50 цм снег. На планинските места локално и од 70 до 100 цм снег.

Долж Јадранот пак е можно НЕВРЕМЕ проследено со ИНТЕНИЗНИ врнежи од дожд, грмежи и силен ветер. (Можни се локални ПОПЛАВУВАЊА).

Кај нас во Македонија во периодот кој што ни следува ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и СИЛЕН јужен ветер.

Ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (над 60 км/час). Снег кај нас ќе врне само на највисоките планини.

Локално во следниот период ќе наврнат и над 35 л/м2 воден талог. Температурите кај нс и понатаму нема многу да се менуваат и ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ.

НАПОМЕНА: Доколку во следниот период планирате да патувате во горе наведените Балкански земји бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ поради очекуваното снежно невреме. Добро би било доколку патувањето го одложете – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....