22.8 C
Скопје
18:15 - 27 април, 2024

(Фото) Каков фудбалер бил Ердоган: Заработувал по 100 долари за победа и бил блиску до трансфер во Фенербахче

Сега претседателот на Турција има свој клуб и целосна контрола над навивачите.

Реџеп Таип Ердоган е еден од највлијателните луѓе во историјата на турскиот фудбал. Претседателот на Турција неофицијално раководи со клубот од Истанбул Башакшехир и се зборува дека ги контролира дури и навивачите. Но, и во младоста можел да изгради одлична кариера како фудбалер.

„Каков фудбал, кога треба да учиш и да заработуваш?“

Ердоган израснал во сиромашно семејство на капетанот на турската крајбрежна стража во градот Риза. Татко му неделно му давал џепарлак околу 2,5 лири за трошоци – скудни средства, кои Реџеп вешто ги зголемувал. Момчето купувало и препродавало шишиња со вода, печел леб и продавал лубеници.

Паралелно, Ердоган учел и играл фудбал, па фудбалот набргу му станал главно хоби. Деноноќно мечтаел да стане фудбалер, но татко му беше против тоа. Ердоган постариот верувал дека момчето губи време со топката: „Каков фудбал, кога треба да учиш и да заработуваш?“ – го прекорувал. Но тренерите на малиот Ердоган биле многу убедливи и успеале да го убедат таткото дека синот има огромен талент.

„Мајка ми никогаш не се бунеше поради фудбалот“, рече Ердоган своевремено во едно интервју – Таа ми го испра и испегла фудбалскиот дрес. Сепак, едвај го убедив татко ми. Секогаш велеше дека треба да учам“.

На 15-годишна возраст, Ердоган стана играч во аматерскиот клуб на Истанбул Касимпаши. Соиграчите му го дадоа прекарот „Учител“ – поради познавањето на Куранот (момчето студирало во верско училиште).

На почетокот Ердоган играл како наоаѓач, но со текот на времето се преместил на позицијата дефанзивен играч. За секоја победа, на идниот претседател на Турција му бил исплаќан солиден бонус – нешто повеќе од 100 долари.

Во слободното време, младиот Ердоган бил одговорен за опремата за тренинг на главниот тим.

До 27-годишна возраст, тој успеа да игра за аматерските клубови Камиалти и ИЕТТ Спор, во кои освоил пет титули.

Во 1980-тите Ердоган ја завршил кариерата и се концентрирал на политиката, но не се повлече целосно од фудбалот.

Сакаше да го контролира Фенербахче

Во 1994 година, Ердоган даде интервју за весникот „Милијет“ за неговата фудбалска кариера пред изборите за градоначалник на Истанбул. Тој тврдеше дека како играч практично потпишал договор со Фенербахче. Политичарот беше на трансфер листата на тимот од Истанбул во 1977 година, но трансферот не се реализираше поради заминувањето на тренерот Томислав Калоперович.

Некои скептици сметаат дека Ердоган го измислил овој факт за да придобие симпатии од навивачите на Фенербајче, чија армија навивачи е една од најголемите во Турција. Вистина или не,  овој потег функционираше – импатиите кон Ердоган беа во пораст. Неколку години подоцна стана премиер на Турција. Во новиот статус, Ердоган планираше да го земе клубот под лична контрола, поставувајќи свој човек на функцијата претседател а Управниот одбор. Но, обидот пропадна кога идејата стана позната во јавноста.

И покрај неуспехот, фудбалот отсекогаш останал главното хоби на политичарот. Шеесет и осумгодишниот турски претседател се уште учествува во рекреативни фудбалски натпревари. Под негово раководство започна и програма за изградба на спортски објекти низ државата. И турскиот фудбал претрпе револуционерни промени.

Во последните 15 години има комерцијализација на сите нивоа: во имињата на стадионите, рекламирањето и спонзорите чии брендови се појавуваат над бројките на играчите, а не под нив (за некои тимови).

И кога лигата беше заглавена во економска криза (телевизискиот договор кој одржуваше многу тимови во живот падна од 500 милиони долари во сезона на 370 милиони долари), државата беше таа што ги спаси врвните турски клубови од банкрот.

Политички проект и контрола на навивачите

Приказната со Фенербахче и плановите за создавање клуб под контрола на претседателот продолжи. Во 2014 година, Истанбул Бујукшехир Беледиеспор започна да ја претставува истанбулската провинција Башакшехир и беше преименуван во „Истанбул“. Претседател на клубот стана Гексел Гумусдаг, близок до Ердоган. Имено, тој е сопруг на внуката на претседателот на Турција и член на владејачката Партија на правдата.

Симбол на ФК „Истанбул“ стана сино-портокаловата боја. Клубот доби добар трансфер буџет и потпиша со познати играчи: Робињо, Мартин Шкртел, Гаел Клиши, Демба Ба, Федор Кудрјашов и Арду Туран.

Во пролетта 2018 година, Туран се ожени со ќерката на Ердоган, Аслихан Доган. На венчавката присуствуваше лично шефот на државата.

Спонзорите на „Истанбул“, секако, се поврзани и со власта. На пример, Центарот за медицински услуги Медипол е генерален партнер. Основач на оваа компанија е министерот за здравство на Турција и личен доктор на семејството Ердоган – Фахретин Коџа. Друг спонзор на „Истанбул“ е турскиот авиопревозник Туркиш ерлајнс. Во исто време, клубот негира каква било поврзаност со властите.

По промената на власта и финансиските влијанија, „Истанбул“ двапати освои сребро, а во сезоната 2019/20 стана шампион за првпат во историјата.

Единственото нешто што не се промени е интересот на публиката. Просечната посетеност на натпреварите на „Истанбул“ оваа сезона, како и досега, останува една од најниските во турската Суперлига – во просек по 2.399 луѓе присуствуваат на натпреварите. За споредба: публиката на Галатасарај е 44.519 луѓе, а на „Адана Демирспор“ е 18.112 луѓе.

Контрола врз фудбалската публика

По немирите на плоштадот Таксим во Истанбул во 2013 година, владата одлучи да го урне паркот Гези и на негово место да изгради трговски центар со паркинзи. Жителите протестираа и кампуваа на улицата. Како резултат на мирниот протест полицијата ги растури сите шатори, а неколку граѓани се хоспитализирани. Паркот беше затворен и се чинеше дека се е готово. Во тој момент, стотици луѓе, а потоа и десетици илјади излегоа на улиците на Истанбул и другите градови во Турција.

Неочекувано протестите ги поддржа и навивачката група на Бешикташ – Чарши. Илјадници луѓе во црни маици и шалови прошетаа низ централните улици на Истанбул и пристигнаа на плоштадот Таксим. И тогаш се случи уникатен настан: на улица излегоа и најжестоките непријатели на Бешикташ, навивачите од Фенербахче и Галатасарај. Вакво нешто досега не се случило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spor Arena (@sporarena)

Така навивачите на трите најсилни клубови во Турција се спротивставија на владата на Ердоган. По неколкумесечна пресметка, властите се предомислија и го оставија паркот недопрен.

Оттогаш главниот фокус беше префрлен на активните навивачи. Владата создаде дигитална алатка за прием и контрола на стадионите, а секако обезбедувањето на арените во Турција стана засилено, но токму инцидентот во паркот Гези стана пресвртница за воспоставување контрола врз фудбалската публика.

Додека навивачите на Бешикташ, Фенербахче и Галатасарај масовно протестираа поради воведувањето навивачки картички, навивачите на Истанбул беа единствените кои реагираа неутрално.

Слични објави

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....