11.8 C
Скопје
19:28 - 3 април, 2026

Попоски: Многу студено, наутро до минус 10, Македонија ќе биде под влијание на силен антициклон со значително пораснат воздушен притисок, еве кога

– Студеното време продолжува и понатаму со температури кои наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени и тоа особено до среда, понекаде истите се очекува да се спуштат до околу -15 степени.
Во северозападите високи планински предели температурите ќе се спуштаат и под -15 степени.
Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени.
Од четврток ќе имаме мало покачување на температурите, што значи дека и покрај ова студеното време ќе продолжи, особено наутро. Ветерот од северен и од североисточен правец ќе го има но со послаб интензитет. Засилен северен ветер се уште ќе дува денес и тоа особено долж Повардарието.
Слично време, односно стабилно, суво и студено ќе имаме и во Скопје. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 1 и 3 степени.
Во следните денови воздушниот притисок ЗНАЧИТЕЛНО ќе порасне и ќе изнесува околу па дури и над 1035 htp, што значи дека ќе бидеме под влијание на СИЛЕН Антициклон, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо
Се вчитува....