12:04 - 10 ноември, 2026

Попоски: Еве кој ден ќе биде НАЈТОПОЛ досега оваа година

– Вечерва и утре ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Утре ќе биде НАЈТОПЛО досега оваа година и во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат до близу 40 степени.

Потоа под влијание на циклонска активност од запад и југозапад, во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО НЕСТАБИЛНО на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално прецисите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество на воден талог кое би можело да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде од поголем прачник. Температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање. И во Скопскиот регион во следните денови ќе растат условите за пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град, додека температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....