22:43 - 29 ноември, 2026

(Фото) „Помогнете ми“: Чомбе од „Луд, збунет, нормален“ откри дека си има мака со член на семејството

Босанско-херцеговскиот актер Мирај Грбиќ, кој домашната публика го памети како Чомбе од серијата „Луд, збунет, нормален“, повторно ги насмеа следбениците на социјалните мрежи.

Тој на Инстаграм објави фотографија на која неговата ќерка Били му го „украсила“ лицето со шарени налепници. Под објавата кратко напиша: „СОС“, што предизвика лавина од коментари.

„Сè е тоа за луѓе“, „Мала принцеза“, „Трепни двапати ако си киднапиран“, беа дел од реакциите што се нижеа под фотографијата.

Фото: Инстаграм

Грбиќ повеќе од една деценија гради кариера во Холивуд. Во 2013 година се пресели во САД со сопругата, хрватската актерка Марија Омаљев – Грбиќ, со која е во брак од 2008 година.

Двојката живее во Лос Анџелес, каде го основаа семејството. Во октомври 2021 година ја добија ќерката Били, а во декември 2023 година и синот Ривер. Актерот често споделува моменти од приватниот живот, а објавите со децата редовно предизвикуваат симпатии кај публиката.

Минатото лето семејството одмараше во Ровињ, од каде исто така објавија фотографии што ги насмеаја следбениците.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....