15:01 - 9 ноември, 2026

Поделба на имотот на Франческо Тоти и Илари Блази: „Договорот е постигнат“, еве кој што добива

Договорот е постигнат вонсудски, наскоро треба да биде финализиран: становите и сопственоста на компанијата ќе бидат поделени, а на децата прв старател останува Илари. 

По објавата на разделбата со две различни соопштенија за медиумите, Франческо Тоти и Илари Блази најдоа договор за поделба на имот и издршка на децата.

Како што соопштува „Ил Месаџеро“ договорот нема да помине на суд, а наскоро ќе биде финализиран.

Водителката, според договорот, ќе остане со своите деца во куќата на Тоти (каде што апрот живееше долги години) и ќе добие чек со многу нули од сега веќе поранешниот сопруг.

Акциите во сопственост на Илари во „Сочиета Спортива Спортинг Клуб Тоти“  и „Намбер Фајв“, и во двете со по 90%, ќе бидат ликвидирани од поранешниот фудбалер.

Нема проблем кога станува збор за недвижниот имот бидејќи двојката е веќе претходно договорена за поделбата. Оваа постапка, воведенеа е во 2014 година, и овозможува да постигнете статус на разделба со прескокнување на бавната судска процедура. Со овој метод брачните другари и нивните адвокати ги утврдуваат правилата за старателство над малолетните деца и одредбите од имотен карактер.  Постигнатиот договор потоа се испраќа до општинскиот регистар само за известување.

Според договорот, Франческо Тоти треба да ги ликвидира 90% од акциите во двете компании Number Five srl и Società Sportiva Sporting Club Totti на сега веќе поранешната сопруга. Првата компанија се занимава со промоција на комерцијални активности; другата води спортски центар во Остија. Потоа, тука е имотот: водителката поседува стан во Милано, еден во Рим, две гаражи и дел од вила стекната во брак.  Додека Тоти ја поседува вилата во Еур (деловна област во Рим) и уште еден стан во истата населба, куќата во Сабаудија, вила во населбата Акса, два магацини и две гаражи.

 

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....