05:51 - 28 ноември, 2026

Почина Љиљана Јорговановиќ: Ги напиша некои од најголемите музички хитови на поранешна Југославија

Текстописецот и новинарката Љиљана Јорговановиќ почина на 66-годишна возраст, по долга и тешка болест. Таа беше една од најзначајните авторки на текстови во регионот и блиска соработничка на покојната Марина Туцаковиќ, со која ги создаде некои од најзвучните хитови на поп и фолк сцената.

Покрај тоа што остави силен белег како текстописец, Љиљана важеше и за една од најуспешните новинарки на поранешна Југославија. Пишуваше репортажи по кои стана препознатлива, а нејзиниот стил се сметаше за автентичен и влијателен.

Од 2014 година беше дел од компанијата „Адрија медиа груп“, издавач на дневниот весник „Курир“, каде што работеше како новинарка на неделникот „Њузвик“. Во последните години од кариерата беше член на редакцијата на „Курир“, сѐ до пензионирањето во пролетта оваа година.

Љиљана Јорговановиќ е родена во 1959 година. На почетокот соработуваше со поп, рок и новобрански изведувачи, а вистински подем доживеа преку фолк сцената. Позната е по соработките со големи музички имиња како Цеца, Здравко Чолиќ, Аца Лукас, Северина, Жељко Јоксимовиќ и Џеј, меѓу многу други.

Најголем успех постигна пишувајќи песни заедно со нејзината најблиска колешка и пријателка, легендарната Марина Туцаковиќ. Нивниот авторски печат останува неизбришлив дел од музичката историја на регионот.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....