01:16 - 28 ноември, 2026

Почина легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ

Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина денеска, 7 октомври, на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест.

Кон крајот на август, Халид Бешлиќ беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите.

Легендарниот босански фолк пејач Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, пренесе „Рапорт.ба“. Според информациите од „Рапорт“, легендарниот пејач починал денеска на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест, околу 13 часот.

Кон крајот на август, Халид Бешлиќ беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите.

Музичарот беше хоспитализиран долго време поради рак. Лекарите направиле сè што е во нивна моќ, но болеста, за жал, била посилна.

Тимот на Бешлиќ ги откажа сите негови закажани настапи пред еден месец.

Халид Бешлиќ е роден е на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац и остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.

Неговата кариера, која траеше повеќе од четири децении, вклучува бројни хитови кои станаа евергрин и неопходен дел од секоја забавна, радио и кафеанска музика.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....