11:22 - 7 ноември, 2026

Почина култниот Мерџан од филмот „Дом за бесење“

Почина Хуснија Хашимовиќ, актерот кој генерации гледачи го паметат по улогата на Мерџан во култниот филм „Дом за бесење“ на Емир Кустурица. Хашимовиќ почина на 22 септември во Франција, каде што живееше во последните неколку децении.

Во филмот на Кустурица од 1988 година, Хашимовиќ го играше вујкото на Перхан. Иако немаше голем број улоги, ликот на Мерџан остана еден од највпечатливите во остварувањето што ја одбележа југословенската кинематографија. Мерџан беше груб, непредвидлив и во исто време комичен лик, а Хашимовиќ го одигра на начин што остана врежан во сеќавањето и децении по премиерата.

„Дом за бесење“ стана едно од меѓународно најпознатите остварувања од овие простори, а името на Хашимовиќ остана вршено речиси исклучиво за оваа улога.

Хашимовиќ е роден во на 19 септември 1961 година. По успехот на филмот се пресели во Франција, а за неговиот живот по филмот останаа многу малку јавно достапни податоци бидејќи ретко се појавуваше во јавноста.

Хуснија Хашимовиќ почина во 65-тата година од животот, но неговото име засекогаш ќе остане поврзано со култниот лик по кој го паметат бројни генерации.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....