23:20 - 7 ноември, 2026

„Знам дека се гордееш со мене“: Македонецот кој победи на „Ѕвездите на Гранд“ се присети на починатата мајка на нејзиниот роденден

Македонскиот пејач Бојан Илиевски, победник на последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, сподели емотивна објава посветена на својата почината мајка.

На денот кога таа требало да го прослави својот роденден, Илиевски го посетил нејзиното вечно почивалиште, а потоа на „Инстаграм“ објави фотографија од детството и нивна заедничка фотографија.

Во пораката тој ѝ се обрати на својата мајка и напиша дека овојпат отишол кај неа со убави вести за успесите што ги постигнал во изминатиот период.

„Мајко моја! Иако не си повеќе помеѓу нас, јас пак ти дојдов денеска кај тебе, кај твојот вечен дом да ти го честитам роденденот душо моја!

Но овој пат дојдов и со преубави вести! Овој пат ти ѓи споделив сите победи мои во животот во изминатиот период…

Знам дека ме пратиш секаде и покрај тоа што не си физички меѓу нас и знам дека се гордееш со мене!

И тоа засекогаш така ќе биде! СРЕЌЕН ТИ РОДЕНДЕН ДУШО МОЈА, СПИЈ СИ МИРНО!!!“, напиша Илиевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Ilievski (@bojan__ilievski)


Зад младиот пејач е значаен период во неговата музичка кариера. Годинава тој победи во „Ѕвездите на Гранд“, по што неговото име стана препознатливо и кај пошироката регионална публика.

Илиевски во текот на натпреварувањето отворено зборуваше и за тешките моменти од приватниот живот. На млада возраст ги загубил двајцата родители, кои се соочувале со сериозни здравствени проблеми.

По нивната смрт, голема поддршка во неговиот живот станала баба му по мајка, која беше покрај него и за време на учеството во „Ѕвездите на Гранд“.

„Јас сум му баба по мајка. Тој нема ниту татко ниту мајка, јас сум му единствената поддршка. Му починаа и таткото и мајката“, изјави таа за време на натпреварувањето.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....