19.8 C
Скопје
18:56 - 28 септември, 2026

По смртта на младата Амини сè повеќе жени во Иран не носат хиџаб, власта ќе ги идентификува со камери

Иранските власти поставуваат камери на јавни места и патишта за да ги идентификуваат и казнат жените кои не се придржуваат до кодексот на облекување, соопшти денеска тамошната полиција, пренесува Радио Слободна Европа.

Откако ќе бидат идентификувани, тие ќе добијат „СМС пораки со предупредување за последиците“, се наведува во полициското соопштение.

Целта на овој потег е „спречување на отпорот кон Законот за хиџаб“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека таквиот отпор го нарушува духовниот имиџ на земјата и шири несигурност.

Сè поголем број Иранки престанаа да носат хиџаб по смртта на 22-годишната Махша Амини, која почина во притвор на полицијата за морал во септември минатата година.

Амини беше приведена поради наводно кршење на правилата за хиџаб. Безбедносните сили насилно ги задушија протестите по нејзината смрт.

Жени без хиџаб сè уште можат да се видат во трговски центри, ресторани, продавници и на улиците низ земјата. Видеа на жени без хиџаб кои се спротивставуваат на полицијата за морал ги преплавија социјалните мрежи.

Во полициското соопштение, бизнисмените се повикуваат „сериозно да го следат почитувањето на општествените норми со примена на нивна инспекција“.

Според иранскиот исламски шеријатски закон, кој беше наметнат по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за да ја покријат својата фигура. Оние кои го прекршуваат законот се соочуваат со јавна опомена, парична казна или апсење.

Слични објави

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо
Се вчитува....