3.8 C
Скопје
17:46 - 21 декември, 2024

По скандалот со мито во „Ѕвезде Гранда“, соседите зборуваат за Снежана Ѓуришиќ: „Често е напната, не е од оние љубезни и насмеани јавни личности“

Во центарот на медиумите во последните неколку дена беше приказната за натпреварувачот на „Ѕвезде Гранда“, Душан Вукадиновиќ, кој изјави дека Снежана Ѓуришиќ, која му била менторка во натпреварувањето, барала пари од неговата мајка за да продолжи понатаму.

Во оваа прилика се огласија и соседите кои го дадоа своето мислење за познатата пејачка како и за целата ситуација која го тресе шоуто.

-Снежана секогаш се држеше до себе, никогаш не дозволуваше некој да ја мачи со прашања и изјави кога ќе ја сретнат на улица. Таа јасно става до знаење дека се брза, може да биде отсечна и груба, но мислам дека беше фер. Ако треба да изберам страна во таа легендарна приказна, навистина сум на страната на Снежана иако немам добро искуство со неа кога е во прашање нејзиниот лик. Без разлика, мислам дека не постапила така и дека не барала пари – вели сосед кој живее во близина на домот на Снежана во Белград.

Дамите – сосетки на пејачката кои биле на прошетка со задоволство зборуваа за Снежана.

– Ја гледаме, секако, и со нејзиното момче Вања. Силно ја погоди смртта на сопругот и долго време беше тажна и затворена, драго ни е што сега покрај себе има лекар. Пред малку ја коментиравме приказната околу тој кандидат и не ни е јасна. Зошто Снежана која заработува илјадници евра да се срами за 200? Нешто не е во ред овде, да сакала пари ќе барала повеќе. Тоа младо момче сака популарност преку неа – мислат овие дами.

Во блиската продавница велат дека ретко ја гледаат Снежана, но учтиво ги поздравува кога ќе влезе.

– Таа не е од оние насмеани и љубезни јавни личности. Таа е доста сериозна, но учтиво поздравува. Мислам дека тоа е нејзиниот став за луѓето да не ѝ пријдат. Често е напната, што би рекле младите, но не мислам дека е рекетар како што ова дете сака да ја направи. Верувам дека ако некој зема пари од натпреварувачите, тоа го прават некои поголеми ѕверки, а не членовите на жирито – вели оваа вработена.

Приказната за Снежана и натпреварувачите ја следеа и помладите генерации.

– Денеска треба да платиш за се и се има своја цена. Пејачите времето го трошат на кандидати и ако е вистина дека немаат хонорар од Гранд, тогаш нормално е некој да им плаќа за споделување искуство. Јас сум економист во осигурителна компанија и ми наплатија многу за обука за позиција во нивната компанија. Затоа ми е многу лесно да помислам дека целата приказна има смисла – вели една девојка.

– Сèшто ѝ се случи во животот. Таа остана без сопруг. Синот, и самте знаете, што се направи и какви проблеми и направи, па таа не се посегна да зема пари и да бара пари насекаде. И јас не можам да се гарантирам, но верувам дека била погрешно разбрана од мајката на тој натпреварувач или тоа воопшто не се случило – вели соседот за српски Ало.

 

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо
Се вчитува....