9.8 C
Скопје
08:49 - 23 април, 2024

Проблематичниот живот на Том Сајзмор: „Дозволив демоните да ме преземат…“

Американскиот актер Том Сајзмор почина ноќта кон саботата во болница во Лос Анџелес, каде што беше сместен откако беше пронајден во несвест во неговиот дом на 18 февруари. Имаше аневризма во мозокот и беше во кома од која не се разбуди. Актерот почина на 61-годишна возраст.

Неговиот агент ја потврди смртта за американските медиуми.

– Со голема тага морам да потврдам дека Томас Едвард Сајзмор мирно почина во сон во Св. Joseph’s Hospital Burbank – рече менаџерот Чарлс Лаго.

Во моментот на неговата смрт, Сајзмор беше придружуван од неговиот брат Пол и синовите на Том, близнаците Џејден и Џегер.

По колеџот се преселил во Њујорк

Томас Едвард „Том“ Сајзмор е роден на 29 ноември 1961 година во Детроит, Мичиген.

Тој бил израснат во римокатолички дом од неговите родители, Томас Едвард Сајзмор Постариот, адвокат и професор по филозофија, и неговата мајка, Џудит Сајзмор. Том рече дека студирал на Државниот универзитет во Мичиген една година, а потоа продолжил на Државниот универзитет Вејн. Во 1986 година дипломирал на Универзитетот Темпл со магистерски студии по театар. Во потрага по поубаво место под сонцето, тој се преселил во Њујорк за да ги зголеми своите можности.

Стана познат во 1990-тите

Сајзмор започна да ја гради својата кариера како филмски актер, телевизиски актер и продуцент во 1989 година. Во 1990-тите, тој стана познат по низа споредни но значајни улоги во филмовите како True Romance, Natural Born Killers, Strange Days и Saving Private Ryan,  а ја доби главната улога во филмот Relic и во ТВ серијата Robbery Humicide Division. Снимањето на серијата беше прекинато во 2002 година, за што самиот Сајзмор објасни дека е поради ескалацијата на неговите сопствени проблеми со зависноста од алкохол и дрога, вклучително и судењето за претепување на неговата поранешна девојка Хајди Флеис.

Сајзмор беше номиниран за наградата Златен глобус за неговата улога на мафијаш во ТВ-филмот „Witness Protection“ од 1999 година, а го позајми гласот на мафијашкиот шеф Сони Форели во играта „Grand Theft Auto: Vice City во 2002 година“.

Бурен приватен живот

Во својата автобиографија Сајзмор пишува и за својот проблем со дрогата: користел хероин и кристален мет.

Тој зборуваше за тоа како Роберт де Ниро го одвел на рехабилитација во 1995 година, заканувајќи му се дека ќе го пријави за поседување хероин доколку не се придржува на лекувањето.

За време на снимањето на „Спасување на војникот Рајан“, Спилберг наводно му се заканил дека на првиот знак дека користи дрога, филмот ќе биде прекинат и повторно ќе започне без него.

Во 1997 година, Сајзмор беше уапсен поради напад на неговата тогашна сопруга, актерка и тенисерка Мев Квинлан. Тој се разведе од неа две години по тој инцидент. Во 2003 година, тој беше осуден на 6 месеци затвор, откако ја претепа својата девојка Хајди Флеиш. Таа го обвинила дека изгасил цигара врз неа, а ја соборил на земја во дворот.

Сајзмор подоцна рекол дека во тоа време „дозволил демоните да го преземат неговиот живот“.

Само две години потоа повторно се нашол во затвор поради прекршување на условната казна (паднал на тест за дрога), а во 2007 година поради истата причина бил осуден на уште една и пол година затвор.

Сајзмор беше татко на близнаците Џејден и Џегер.

Слични објави

(Фото) Ѕвезда до ѕвезда: Викторија Бекам објави нови фотографии од нејзината роденденска забава

еспресо

Избрани од универзумот: Четири хороскопски знаци на кои судбината ќе им донесе изненадувања наскоро

еспресо

(Фото) Оваа пејачка е на местото на Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: „Цеца е строга, знае да викне“

еспресо

(Видео) Хаос во домот на српската пејачка: „Го знаете она кога 10 минути е чудна тишина…?

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац менува професија? Пејачката запиша курс и ги откри деталите

Еспресо

(Видео) Мики Секуловски без конкуренција: Македонскиот претставник го воодушеви жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....