10:17 - 27 ноември, 2026

По незгодата што ја доживеа Северина, се огласи водителката Сања од „Брза кујна“

Водителката Сања Савеска се огласи во врска со незгодата што ја доживеа Северина на нејзиниот концерт во Загреб, во полната Арена.

Северина падна на сцената трчајќи по неа на високи потпетици, а потоа стана и продолжи да пее на колена насмеана. Водителката на емисијата „Брза кујна“, по овој повод рече:

-Не е важно колку пати ќе паднеш, важно е да станеш како кралица!

Фото / Инстаграм

Можеше да биде прилично грд пад, но за среќа сè помина без проблеми кога Северина се сопна и падна за време на концертot во распродадената Aрена додека ја изведуваше песната „Твојата прва девојка“.

Таа е позната по своите енергични настапи во кои многу танцува и скока, на вртоглаво високи потпетици, а ова не беше првиот пад на сцената за познатата пејачка, но од оние снимени на видео, изгледаше најдраматично“, објави „Јутарњи лист“.

Во еден момент за време на концертот насловен како „Јас само пеам“, Северина отиде на другата страна од сцената, се сопна и падна со главата напред. Гитаристите на бендот ѝ притрчаа на помош, но немаше потреба за тоа, бидејќи пејачката сама стана и продолжи да ја изведува песната со смеа, поддржана од публиката.

Фото / Инстаграм

 

 

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....