9.8 C
Скопје
18:44 - 30 март, 2026

По долго време, се огласи пејачката Ерзана од Америка, нејзиниот маж е вистински херој

По долго време, се огласи Ерзана, една од најпопуларните пајчки на нашата естрада која одамна не пее, но никако не е заборавена.

Во 2000 година, Ерзана го сними својот прв и за сега единствен албум, „Без зборови“, чии хитови сѐ уште се слушаат.

Тоа се песните „Ноќна кралица“, „Колекционер“, „На чекор од тебе“. Кусо откако стана популарна, таа се омажи за Ариан Превала, се пресели во САД и се повлече од музиката. Нејзиното моминско презиме е инаку Бериша.

Ерзана со сопругот Ариан Превала Фото/ Фејсбук

Во 2019 година, сопругот на Ерзана, спречи трагедија во градот Мериден каде студентот-пилот, Ферас Фреитех од Јордан, во придружба на Превала кој бил инструктор по летање од  неразјаснети причини намерно го насочил авионот Пајпер во густо населениот дел на градот, а потоа и во фабриката за воена опрема „Прат и Витни“.

Превала успеал некако да избегне авионот да не се урне во местата каде што има луѓе, ниту во фабриката каде што работеле над 300 луѓе. Пајперот се урнал во една од улиците во градот. Во несреќата загинал Феритех, а Превала доживеал изгореници по телото.

Ерзана со Елена Ристеска Фото/ Инстаграм

Ерзана, кога беше во Скопје пред неколу години, се сретна со колешката Елена Ристеска, а токму Елена на својот Инстаграм профил обваи новости од Ерзана. Елена порача дека Ерзана има нов профил на социјалните мрежи со име erzana.music и порача сите да ја заследат.

Ерзана засега има само една слика откако се огласи на профилот, но следбениците ја молат да ѝ се врати на музиката.

Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....