13:57 - 7 ноември, 2026

По четиричасовна операција Боки 13 пуштен од болница: „Немам сила, но океј, се опоравувам“

Поранешниот водител Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, во неделата на 14 јануари по петти пат беше опериран, а сега проговори за српските медиуми и откри како се чувствува.

Како што откри, операцијата била напорна и траела дури четири часа, пренесува српско Еспресо.

„Немам сила, но океј, се опоравувам. Сега ми вадеа два липома, последица од операција, на двете страни на абдоменот. Бев опериран на Државна клиника, а операцијата траеше меѓу три и четири часа липомите се отстранети и сега сум во завои, што е нормално“ – истакнува Боки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

Тој додаде дека е отпуштен од болница и моментално е на домашно лекување.

– Се помина добро, искрено се надевам дека повеќе нема да има операции. Во неделата бев на операција, а вчера излегов од болница, сега сум дома – рече Боки за српско Еспресо.

Да потсетиме, Боки 13 неодамна излезе од затворот „Идризово“ каде помина четири години.

 

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....