19.8 C
Скопје
11:24 - 29 септември, 2026

Пет морничави факти за убиството на Ноа: Осомничениот ја исекол на парчиња, па со денови седел покрај кутиите со посмртните останки

Ноа Миливојев исчезнала на 17 јуни, а нејзиното тело завчера беше пронајдено во непрепознатлива состојба во стан во центарот на Белград, односно во бањата. За ова дело веднаш бил уапсен Огњен Д.(33), кој признал што направил.

Ноа беше трансродова личност.

Истрагата откри дека ова злосторство е извршено на свиреп и грозоморен начин, а овие 5 факти ја потврдуваат монструозноста на ова убиство.

Ја исекол на парчиња

Осомничениот ја исекол Ноа на парчиња, посмртните останки ги спакувал во пластични кутии.

За тоа сведочи снимката од местото на настанот, на која се гледа како полицајците ги вадат кутиите и ги ставаат во погребната кола.

Со денови седел и спиел покрај остатоците од телото

Ноа Миливојев беше пријавена за исчезната на 17 јуни. Оттогаш, како што вели нејзината мајка Боба, телефонот ѝ бил исклучен. Според соседите, Ноа последен пат била видена пред околу две недели. Потоа, како што изјавиле, Огњен Д. и Ноа жестоко се расправале, таа врескала и наводно викала дека ќе го уништи станот доколку не ѝ ги врати работите.

Се претпоставува дека во тој период се случило убиство. Судејќи по тие неофицијални податоци, осомничениот во тој случај со денови „живеел“ со кутии во кои биле нејзините останки.

Го признал убиството, но не се сеќава на деталите

Огњен Д.(33) веднаш го признал убиството, но на распитот во МВР рекол дека не се сеќава на деталите.

„Тој веднаш призна се, но не можеше да ги објасни деталите“, беше забележано во истрагата.

Соседите виделе розови кики пред влезот 

Според соседите, по жестоката расправија, единствено им било сомнително што од црните кеси за ѓубре кои биле пред станот во кој живеел Огњен, а во кои, како што се сомнева, била убиена Ноа, биле најдени розови кикички.

Соседите рекле дека не им било сомнително што ја нема, бидејќи, според нив, двајцата постојано се расправале и таа си заминувала, па се враќала. Исто така, тој постојано носел некои „нови“ девојки.

„Ја навлече на дрога и ја претепа“

Роднините на Ноа велат дека таа била вљубена во човекот кој ја убил, а тој ја искористувал.

-Беше заљубена во него, а тој ја претепа и ја навлече на секакви дроги. Ја користел кога му требало, па ја бркал. Потоа таа се вратила овде. Штом ја повикал, таа ги спакувала работите и се упатила кај него. Кога ја упропасти, тогаш ја отфрли“ – велат роднините на Ноа за Телеграф.рс.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо
Се вчитува....