15.8 C
Скопје
15:29 - 29 октомври, 2026

Песков за оставката на Џонсон: „Се надеваме дека еден ден повеќе професионали луѓе ќе дојдат на власт во Велика Британија, ама за сега мала е надежта“

„Ја следиме ситуацијата, но тоа не е наш приоритет“, изјави портпаролот на Путин за британската криза. 

Кремљ ја следи политичката ситуација во Велика Британија, но тоа „не може да биде приоритет“ на руската влада: изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, пренесува агенцијата Интерфакс. „Што се однесува до самиот г-дин Џонсон – рече Песков мислејќи на британскиот премиер – тој не нè сака многу. Не ни се допаѓа ниту тој нам. Песков потоа додаде: „Би сакале да се надеваме дека еден ден повеќе професионални луѓе ќе дојдат на власт во Обединетото Кралство и ќе можат да носат одлуки преку дијалог“, рече портпаролот, прецизирајќи дека „засега, сепак, малку се надеваме на ова“.

Коментарот од Москва доаѓа кога Борис Џонсон по објавувањето на неговата оставка како лидер на ториевците, се обидува да ја задржи својата премиерска функција до октомври додека е назначен нов конзервативен лидер, а баражот оставки од неговата влада продолжува да „неснее“ како лавина. Речиси 60 членови на Владата утрово најавија повлекување.

„Вести од Лондон. „Најдобрите пријатели на Украина“ си заминуваат. „Победата“ е во опасност! Првиот човек го нема…“ – ова е саркастичниот коментар на Телеграм од поранешниот претседател на Русија и актуелен потпретседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев, кој ја дефинира кризата како „логичен резултат на британската ароганција и медиокритетната политика.“. Објавата завршува со „П.С. Очекуваме вести од Германија, Полска и балтичките земји“.

 

Слични објави

(Фото) Македонската музичарка Мартина Блажеска очекува близнаци: „Од двајца ќе станеме четворица“

К.С.

Цвеќиња што ја разубавуваат есента — што да засадите на балконот во октомври?

К.С.

Драгана Беквалац скршена од болка по ненадејната смрт на миленикот: „Здрав како дрен, а замина за неколку минути“

Е.А.

(Фото) Адријан Гаџа и сопругата Сидорела во елегантни изданија на свадба — пејачот позираше и со родителите

К.С.

Нови шокантни детали за Беби Дол: Соседите тврдат дека е исфрлена од станот поради хаосот што го направила

Е.А.

(Видео) 20 години без Наско Џорлев – авторот на една од најубавите љубовни песни „Не кажувај либе добра ноќ“

Еспресо
Се вчитува....